582
Жител од Аргентина е уапсен поради обвинение дека 20 години ја силувал својата ќерка, која за тоа време му родила четири деца.
Децата се пронајдени во бунгалови во мал град во Аргентина, а во текот на претресот полицијата пронашла и два пиштоли.
Ќерката рекла на полицијата дека нејзиниот татко ја силувал од нејзината деветта година и дека тој е татко на децата на возраст од 11, 13, 17 и 19 години.
Државниот обвинител Хуан Пабло Банос потврди дека истрагата е во тек, а на таткото е определен притвор.