Аргентина минатата година во Катар по 36 години пауза повторно го освои врвот во светскиот фудбал, па најавите се дека „гаучосите“ ќе ја повлечат „десетката“ која ја носи Лионел Меси кога тој ќе реши да се пензионира од националниот тим.
Претседателот на аргентинската федерација (АФА), Клаудио Тапија ја објави информацијата за повлекувањето на бројката која на грбот прво ја носеше Диего Марадона, а сега и Лео Меси.
„Кога Меси ќе се пензионира од репрезентацијата, ќе ја повлечеме десетката од националниот тим и ниту еден фудбалер после него нема да ја носи. Мислам дека Лео заслужува таква чест“ – рече Тапија.
Аргентинците се надеваат дека Меси по континенталниот шампионат ќе продолжи да игра за својата земја барем до СП 2006 во САД, Месико и Канада и дека ќе биде првиот со шест настапи на Светските првенства.