Францускиот претседател Емануел Макрон на денешната церемонија во чест на жртвите на тероризмот предупреди дека и покрај осуетените девет терористички напади минатата година, заканата сè уште демне.
„Колку повеќе не мразат, толку сме поголеми“, рече Макрон на церемонијата во Стразбур, пренесува ТВ каналот Bfmtv.
Оддавањето почит дојде неколку недели по нападот со нож во источниот француски град Мулхаус, во кој загина едно лице, на 22 февруари.
– Тоа беше страшно сценарио од кое сè уште сме трауматизирани – рече Макрон, додавајќи дека Мулхаус се приклучил на болната серија градови погодени од тероризмот.
Според него, тоа никогаш не смее и нема да се заборави, бидејќи меморијата е она што не разликува од варварите.
Макрон потсети и на невидениот терористички напад извршен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.