420
Министерот за образование, Арбер Адеми, вчера се обрати пред присутните на митингот на СДСМ во Тетово, како претставник од ДУИ. Тој зборуваше на македонски и албански јазик и порача дека е се поголема поддршката за Стево Пендаровски.
-Верувам дека граѓаните силно ќе дадат поддршка за Пендаровски, дека ќе дадат поддршка за европска Македонија, за евроатланска Македонија. Тоа е чест драг Стево Пендаровски, почит, одговорност во насока на рализација на нашите заеднички стратешки цели – членство на нашата земја во НАТО и ЕУ. Верувам дека не само тетовчани туку и цела Македонија ќе гласа за европска и евроатланска Македонија. Затоа сме обединети вечерва – рече Адеми.