Царинската управа го поднови возниот парк, ќе се возат „шкоди“ вредни 325.201 евра

by fokus

Царинската управа ќе се поднови со 13 нови автомобили, за кои ќе плати 325.201 евра. Според податоците објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, Управата, поточно директорот Ѓоко Танасоски, на 8 април го склучила договорот за набавка со компанијата Друштво за производство, трговија и услуги ДЕЛУКС-АУТО ДООЕЛ увоз-извоз Куманово.

Според договорот, ќе се набават 12 автомобили од марката „шкода“, модел Oktavia Ambition 2.0, за кои треба да платат 294.000 евра или 24.500 евра од автомобил.

Царинската управа покрај овие автомобили набавува уште една „шкода“, но модел Superb Ambition2.0, која чини 31.176 евра.

В.В.

 

Поврзани новости