Заев се поклони пред тетовчани и праша: Што правимо, ќе победимо ли?

by fokus 09:38
09:38

Овде чука силата на разналикоста и убавината на нашаето единств, мојот говор ќе го почнам со поклон кон Тетово, рече премиерот, Зоран Заев, на вчерашниот митинг на СДСМ и коалицијата во Тетово.

Пред да се поклони пред тетовчани тој ги поздрави на македонски и албански јазик и праша на тетовски : Што правимо, ќе победимо ли?

- Advertisements -

-Дефинитивно имаме само едне кандидат кој обединува и сплотува. Се што направивме овие 20 месеци, прво го сплотивме народот дома. Денеска ќе видите некој од село Муртино во струмичко како се бори за Албанец, за Бошњак, за Турчин, Србин, Ром, а е Македонец, а ќе видите и Албанец како се бори за МакедонецБошњак како се бори за Србин, Турчин за Ром. Затоа што сите ние сме еднакви граѓани, сите ние имаме исти децички дома за кои сакаме подобар живот да донесеме – рече Заев.

Крајно време е, додаде тој, да се откажеме од национализмот и популизмот.

-За разлика од Мицковски кој вчера од тука од Тетово ми се заканувал. Се заканувал и тој од христијанско братство, но како се заканувал, како христијанин или за Христијан (Мицковски). Во христијанство нема закани туку има помагање – порача првиот човек на социјалдемократите.

Тој потенцираше дека во изминатие две години растат бројките на директни странски инвестиции.

-Веќе броиме 635 милиони евра директни инвестици, бележиме економски раст. Сега како членка на НАТО ќе почувтсвуваме што значат инвестиции, надеж и подобра иднина за сите нас, наместо иселувањето, истакна Заев.

Поврзани новости