Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривичното дело насилство против арачиновецот (69) кој го нападна градоначалникот Ридван Ибрахими и без дозвола влезе во неговата канцеларија.
„Осомничениот, 69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново. Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал градоначалникот во дворот, започнал грубо да го навредува, да му се заканува и насилнички да се однесува“, соопштија од ОЈО Скопје.
Од обвинителството велат дека за непречено да ја водат постапката и да обезбедат присуство на осомничениот, до Основниот кривичен суд во Скопје доставиле предлог арачиновецот да биде задолжен да се пријавува кај државен орган дека е присутен во земјава, како и да му се определи забрана да ја посетува општинската зграда и да му се доближува и воспоставува контакти со градоначалникот.
Инаку, 69-годишникот по нападот во вторникот беше приведен од полицијата, а општинската администрација тој ден ја затвори зградата и не работеше од безбедносни причини.
Општина Арачиново стави клуч на врата – се скараа двајца градоначалници од ДУИ