Апсење во Охрид и Кичево поради марихуана

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, во Охрид и Кичево се уапсени три лица, кои биле фатени со марихуана, пренесуваат од МВР.

„Вчера во 13:30 часот  на улица „Живко Чинго“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д. Н. (29) од Охрид, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 22:40 часот на улица „Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д. Д. (43) од Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана и затоа што се движел без дозвола за време на забрана за движење. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На улица „Живко Чинго“ во Охрид, вчера во 13:45 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С. К. (25) од Охрид, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Поврзани новости