Апостолакис: Грција ќе стане главен одбранбен партнер на Северна Македонија

by fokus

Нашиот стремеж е да станеме главен стратешки одбранбен партнер на Северна Македонија во одржувањето на мирот и зајакнувањето на соработката на Балканот, вели министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“.

Тој во своето прво интервју откако ја презеде функцијата посочи дека спроведувањето на Договорот Преспа и интеграцијата на Северна Македонија во НАТО создаваат предуслови за зајакнување и проширување на соработката со соседната земја во областа на одбраната.

„Всушност, нашиот потенцијален придонес во трансформацијата на вооружените сили на Северна Македонија ќе ги оддалечи другите регионални кандидати кои би можеле да се обидат да извлечат корист и да извршат влијание врз соседот. Нашиот стремеж е нашата земја да стане главен стратешки одбранбен партнер на Северна Македонија во одржување на мирот и зајакнување на соработката на Балканот“, вели министерот за одбрана на Грција за „Катимерини“.

Поврзани новости