АПМ: Со бонус од 17 пратеници ќе се продлабочи кризата

by Фокус

За Алијансата за позитивна Македонија е неприфатлив предлогот на премиерот Никола Груевски, Македонија ретроградно да се врати на мнозински модел, со бонус од 17 дополнителни мандати за партијата што ќе добие најмногу мандати. На тој начин Македонија ќе влезе во уште подлабока политичка криза и клиентилистички политички систем, сметаат од партијата.

– АПМ смета дека демократизацијата на Македонија и воспоставувањето правичен и претставнички парламент во Република Македонија е можно само доколку Република Македонија биде една изборна едница, се гласа според пропорционалниот модел преку отворени листи, и распоредувањето на пратеничките мандати наместо по Д’хонтовата формула, да биде според на Сент Лагиевата формула, или Формулата на најголем остаток. Исто така, за сите заедници да се обезбедат резервирани пратенички мандати. Со ваков модел се обезбедува Собранието на биде конституирано според волјата на сите граѓани, а воедно граѓаните да гласаат за личности, а не само за партии или коалиции – се наведува во соопштението.

Од таму велат дека на овој начин, Македонија ќе добие плурален парламент, што ќе биде надзор, коректор и рецензент на извршната власт, и ќе се избегне Собранието да биде само гласачка машинерија на партиската врхушка што ќе составува влада.

Поврзани новости