Казна од 50 евра ако возите велосипед без кацига

by Фокус 18:51
18:51

Според новиот Закон за безбедност во сообраќајот, возачите на велосипеди ќе мораат да носат кацига, односно заштитен шлем. Во вечерните часови и во услови на намалена видливост, задолжителен ќе биде и рефректирачки елек.

-Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот, стои во текстот на Законот.

За непочитување на овие одредби од Законот, предвидени се казни од 50 евра за возачите и за родителите на децата кои нема да се придржуваат до законските одредби.

Поврзани новости