АПМ ќе почне преговори за коалициски настап на изборите

by Фокус

Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) од денешната седница упати апел за целосна имплементација на договорот од Пржино како предуслов за создавање на предуслови за организирање на фер и демократски избори на 24 април 2016 година.

Од партијата сметаат дека, опструкциите на работата на специјалното јавно обвинителство, почетокот на неговата работа во хотел наместо во одредената локација во зградата на поранешната Агенција за млади и спорт, е уште еден сериозен удар на имплементацијата на Договорот од Пржино.

– Доцнењето на Договорот за МРТВ и Агенцијата за медиумите е исто така сериозен удар во напорите да се создадат еднакви услови за сите во поглед на медиумското претставување во пресрет на вонредните парламентарни избори. Главниот одбор на АПМ инсистира за целосна имплементација на препораките на Комисијата на Прибе, кои се составен дел на Договорот од Пржино, во делот на реформи на правосудството и независните регулаторни тела – се наведува во соопштението.

Главниот одбор на АПМ донесе одлука за формирање на изборен штаб и отпочнување на преговори за коалициски настап на парламентарните избори.

Поврзани новости