Алијансата за позитивна Македонија го поздрави договорот на четирите политички партии постигнат со посредништво на претставниците на ЕУ и САД, за одржување на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016, со што Македонија би требало да излезе од политичката криза.
-Алијансата за позитивна Македонија, апелира до новата техничка влада и до другите повикани институции и фактори во периодот до одржувањето на изборите да обезбедат максимални услови за непречена работа на Специјалното јавно обвинитество, се вели во соопштението на Алијансата за позитивна Македонија.
Алијансата смета дека на Македонија насушно и требаат демократски и кредибилни избори, со цел да се добие легитимен парламент и влада што повторно ќе ја врати земјата на европската агенда и препораката за започнување на преговори за членство во ЕУ.