448
Повеќе од 10.000 луѓе досега ја имаат симнато апликацијата „Слико збор“, која ја изработи петнаесетгодишниот Даријан Шекеров од Скопје за да им помогне на децата со аутизам и пречки во говорот.
Даријан аплицијата ја изработил на свои 14 години со цел да им ја олесни комуникацијата на овие деца со семејството и околината.
Со оваа апликација тој има учествувано на натпревар за млади пронаоѓачи, каде меѓу 3.000 учесници победи во категоријата „борба против болести и глад“.