Заев со поддршка за РЕКОМ, иницијатива за пребројување на загинатите во конфликтите на Балканот

by fokus

Премиерот на Република Макеоднија, Зоран Заев, денес оствари средба со Наташа Кандиќ и Жидас Даскаловски, претставници од регионалната иницијатива РЕКОМ.

Гостите, од името на коалицијата на повеќе од 2000 граѓански организации од регионот, побараа од претседателот на Владата на Република Македонија, поддршка за нивната иницијатива, да се формира регионална комисија составена од комесари од сите земји на Балканот кои преживеале војни и конфликти во периодот 1991-2001 година, со цел да се утврди точниот број на загинати во конфликтите, по што, според нив, би требало да се отпочне со процесот на помирување на земјите од регионот.

Заев изрази уверување дека владата ќе ја поддржи оваа идеја, затоа што е во согласност со заложбите за градење пријателства, и добрососедски односи, заложби кои владата ги потврдила со повеќе иницијативи во регионот.

Поврзани новости