Апелација одлучи „бомбите“ да бидат докази против Груевски и Јанакиески во предметите за Космос и Сончев град

by Фокус

Нелегално прислушуваните разговори во врска со уривањето на “Космос” и проектот “Сончев град” да се користат како докази во судницата, одлучи Скопска апелација која ги преиначи одлуките на Кривичниот суд по жалба на Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „ТНТ“ првобвинет е експремиерот Никола Груевски, додека во „Топлик“ првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, додека во двата случаи обвинети се вкупно 13 лица.

На двете јавни седници во апелација вчера обвинителите од СЈО изјавија дека обвинетите во овие предмети не се жртви на прислушкување, туку, според нив, тие биле дел од власта што масовно незаконски прислушкувала.

Адвокатите на обвинетите, пак, тврдеа дека прислушкуваните разговори се незаконски стекнати и нивната употреба е спортивна на Европската конвенција за човекови права, бидејќи се нарушува приватноста на обвинетите.

Поврзани новости