Полицијата трага по убијците на Јанушев, едниот му бил пријател

by Фокус

Полицијата сослушува сведоци за вчерашното убиство Мартин Јанушев во скопски Аеродром, но сторителите се уште не се пронајдени.

Според неофицијални информации, убиството го извршиле две лица, од кои едниот бил пријател на Јанушев.

Дел од медиумите објавија дека еден од убијците долго време и е познат на полицијата по серија најтешки кривични дела, за што одлежувал и затворска казна.

Обвинителството го завршило увидот на лице местото, па трагите собрани од местото се предадени на вештачење што го наредил јавниот обвинител.

Поврзани новости