474
Апелациониот суд утре на јавна седница ќе ги разгледува жалбите поднесени од осудените во процесот „Монструм“, објави порталот Нова.
Порталот пишува дека од извори блиски до одбраната дознава оти на судот би можело да му бидат дадени транскриптите од „бомбата“ што се однесува на овој случај, а опозицискиот лидер Зоран Заев се уште не ја објавил во јавноста.
Лидерот на СДСМ Заев неколку пати изјави дека постојат прислушувани разговори и за „Монструм“, но досега не беа јавно објавени.