Апелација ѝ ја укина 19-годишната казна на Ангела за убиството на Пино

by fokus

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за Ангела Ѓорѓиевска која беше осудена на 19 години затворска казна за убиството на Пино Секондо.

Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од второстепениот суд.

– Првостепената пресуда е укината и случајот е вратен на повторно судење пред првостепениот суд, велат од Апелација. Според нашите информации, притворот за осудената е продолжен, а пресудата била укината поради суштествени повреди во постапката. Одлуката била донесена во јули, а претседател на советот бил судијата Јани Нича.

Деновиве треба да биде објавена одлуката и јавноста да дознае зошто второстепениот суд ја укинал пресудата за Ангела која ја донесе судијката Ленка Давитковска.

Ѓорѓиевска беше осудена во јули 2020 година , за помагање во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење.

Пино со месеци се водеше како исчезнат, а потоа случаен минувач најде остатоци од неговото тело.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости