Се породи трудницата од Авганистан која синоќа слета во Скопје

by Fokus

Трудницата која вчеравечер пристигна со конвојот бегалци од Авганистан, попладнево се породила на ГАК и родила здраво машко дете, дознава Нова.

Бебето е тешко три килограма и двесте грама, а според информациите и бебето и мајката се чувствуваат добро.

Бремената жена беше дел од 149-те граѓани на Авганистан кои вчеравечер пристигнаа во Скопје, која по слетувањето веднаш била подложена на лекарски контроли.

Поврзани новости