Апелација ја одби жалбата на Јанакиески, тој останува во домашен притвор

by Фокус

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески останува во домашен притвор, откако Апелацискиот суд ја одби неговата жалба за укинување на притворот.

Инаку, куќниот притвор на Јанакиески му е определен за случајот Шпански скали, за кој истрагата е завршена, а обвинителството поднесе обвинение до судот.

Покрај него, во Шпански скали обвинети се уште 10 службеници од министерството, катастарот, нотар и бизнисмени, кои, според обвинителството, предизвикале буџетска штета од 2,64 милиони евра.

Поврзани новости