406
Хуманитарните организации од Македонија ги повикуваат граѓаните да донираат топла облека (јакни, капи, чорапи, блузони) и кондури за бегалците која е најмногу потребна во овие врнежливи денови.
Граѓаните можат донациите да ги однесат на повеќе места како магацинот на Легис кој денес ќе биде отворен од 10:00 до 20:00. Легис се наоѓа во Чаир на улица Цветан Димов 4. Донации можат да се носат и во просториите на Хелсиншкиот комитет кој се наоѓа во Дебар Маало на улица Наум Наумовски Борче 83 и е отворен од 9 до 17 часот преку неделата а за викенд од 10.00 до 14.00 часот.