СДСМ Дебарца: Фекалиите од Оровник се излеваат во Охридското езеро

by Фокус

Веќе неколку месеци се врши опасно загадување на Охридското Езеро со фекалии, а градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, не презема ништо, а наместо тоа само празно се фали со реализации, порача Општинската организација (ОО) на СДСМ во Дебрца.

– Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски пред неколку дена најавувајќи инфраструктурни проекти во општина Дебрца се испофали дека благодарение на Владата на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ и неговиот труд општина Дебрца добила нов лик. Многу е лесно во функција на популистичка кампања сам да се фалиш, но дали фактичката состојба е таква!?

Неколку месеци наназад дел од фекалната канализација во село Оровник наместо како рецепиент да го има Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, се излева во локалната река, која гравитира кон Охридското Езеро.

 

Поврзани новости