Герила акција: Активисти денеска во 13 часот наjавуваат „спектакуларно сечење црвена лента“ за новата ограда пред Влада

by Фокус

Граѓанската иницијатива „АЈДЕ“ за денеска во 13 часот најавува спектакуларното сечење лента на новата ограда на Владата на Република Македонија.

– За да учествувате на настанот и за да ви биде издадена потврда за влез, треба на „лице место“ пред Владата, да ни доставите список од најмалку 15 ваши роднини, пријатели и колеги. Не ја пропуштајте извонредната можност да пресечете лента и да се оградите од скапоцената владина ограда! АЈДЕ заедно да ги славиме нашите големи дела и успеси!Македонија оградена и вечна! За Македонија напреТ! Важно се (о)гради! –  се вели во поканата на АЈДЕ.

Акцијата на активистите следува по поставувањето ограда на предниот дел од објектот на Владата, со што се ограничува и пристапот до зградата. Оградата чини 700.000 евра.  Оградата ја изведува компанијата Бауер БГ и ова е прв владин објект кој е изграден отворен, а потоа се оградува.

Поврзани новости