708
На социјалните мрежи се споделува апелот за помош и донации наменети за чичко Драги, кој јавноста го знае како препорадавачот со тезга на Рекорд и голем пријател на кучињата. Според апелот чичко Драги, кој боледува од рак, чека резултати и насоки за следна операција.
Тој живее во немаштија и е изнемоштен од болеста. Хуманите луѓе кои сакаат да му помогнат велат дека не може да си обезбеди стерилни памучни гази по операцијата, поради што користел салветки.
Сите оние кои сакаат да донираат парични средства, а не можат да стигнат до неговата тезга до 13:30, може да донираат на следниве 2 начини:
- Оставање пари во донациска кутија во кафе-барот MIG 21 Café, кој се наоѓа на Ул. Македонија, точно спроти спомен-куќата на Мајка Тереза;
- Уплаќање на трансакциска сметка на име Драги Паровски, бр. 210501609079020.
Чичко Драги бара и да му се овозможи прием кај градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.