Во Србија трета доза вакцина за лицата со хронични болести

by fokus

Српскиот кризен штаб за сузбивање на корнавирусот денеска одлучи на граѓаните кои имаат одредени болести да им препорача трета доза од вакцината против заразата.

Министерката за труд, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, изјави дека станува збор за лица кои имаат состојба на имунодефициенција и хронични заболувања, кои се поврзани со имунитетот.

-Тоа се првенствено луѓе кои имале трансплантација на органи, оние кои се на хемодијализа, лица со малигни заболувања, кажа Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.

Таа додаде дека првата доза на вакцината досега ја примиле 49,7 отсто од полнолетните граѓани, односно над 2,6 милиони луѓе, додека 2,5 милиони ги примиле двете дози, што „не е доволно за да се спречи ширењето на болеста“.

Поврзани новости