Апасиев: Исти лица се попишуваат и во земјава и во странство

by Фокус

На пет дена пред крајот на пописот, скопските општини се само половично попишани, каде цели згради одбиваат да се попишат, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев, посочувајќи дека во бојкотот води Аеродром.

Според него, на терен се случува двојно попишување, односно лица евидентирани во странство да бидат попишани и во земјава.

„Луѓе кои биле во странство и оттаму се попишале (во април), сега се вратени и пак се попишуваат втор пат – системот не ги дава како попишани. Човек се попишал во Австрија, сега од дома – жена му го повторно го попишува како да е тука. Фамилија иселена во Швајцарија пред неколку години – маж, жена и две деца – дедото ги попишува дека се тука“, напиша Апасиев на фејсбук.

Тој додава дека планот за фалсификување на пописот дефинитивно е пропаднат.

„Немаат време ни да се закануваат со казни, ни да ги пишуваат, оти така ќе признаат дека стотици илјади Македонци одбиле да се попишат. Во недоумица се што е најпаметно да направат за да не се избламираат – па гледаат само провизорно да го „покријат“ теренот со попишувачи кои ги шетаат и по други градови. Затоа и ги отворија овие т.н. локални пунктови за поишување надвор од дома, кои немаат никаков ефект“, посочува Апасиев.

Поврзани новости