Стоилковски: Како Шилегов го зголемил имотот за половина милион евра?

by Фокус

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, денеска најави дека во следните денови ќе одржи серија на прес-конференции за скопскиот градоначалник Петре Шилегов под називот „Профитер“, кои, според Стоилковски, ќе покажат како Шилегов местел тендери.

-„Профитер“ е скандал кој покажува дека тендери се добиваат во полна цена, без конкуренција и наддавање, со нереална проценета врдност. Ова невозможно е ако некој дебело не профитира, невозможно е да нема заинтересирани на големи тендери и невозможно е да се постигнат суми идентични на проценетите. Со конкуренција проценетата вредност може да падне 10 пати, а таа ја немало – рече Стоилковски.

Притоа, тој го посочи примерот со тендерот за изградба на велопатеки од 2018 година, чија проценета вредност изнесувала над 17 милиони денари, но, како што рече, преку наддавање на десетина компанија конечната постигна цена паднала на над еден милион денари.

-Но, во 2019, 2020 и во тековната 2021 година, кога економијата тоне, милионски тендери на Град Скопје стануваат неинтересни за наддавање и цените се идентични на проценетата вредност. За тендер од над милијарда денари нема интерес, само две фирми се пријавуваат, нема борба, престануваат наддавањата, и договорите се исти на проценентата вредност. Кој диктира кој смее а кој не смее да се јави на тендер? – праша Стоилковски.

Инаку, портпаролот на опозициската партија истакна дека за време на четиригодишниот градоначалнички мандат, Шилегов го зголемил имотот за половина милион евра.

Поврзани новости