Апанажата не доаѓа на дневен ред: Ова е класна дискриминација

by Фокус

Пратениците денеска нема да расправаат за предлог законот на Левица за укинување на апанажата, бидејќи како што информира спикерот Талат Џафери, се уште се чека и тој да биде преведен, исто како и предлог законските измени за укинување на пржинската влада.

Претходно, пратеникот и претседател на Левица Димитар Апасиев побара предлог законот за изменување на Законот за плати на избрани и именувани лица да биде ставен на дневен ред на денешната собраниска седница.

-Ако сте министер земате плата 1.500 евра. По престанок на функцијата, ако министерот побара апанажа уште една година ќе зема иста плата, иако не работи ништо. Ако сте работник ќе земете само 50 отсто од платата и за тоа треба да исполнувате куп работи. Ова е дискриминација по класна основа – рече Апасиев.

Досега, пратениците од поголемите партии од македонскиот и албанскиот блок не се изјаснуваат како ќе се произнесат во однос на предлогот на Левица за укинување на правото на апанажа на избрани и именувани функционери.

Поврзани новости