Македонија настапува во второто полуфинале на Евровизија

by fokus

На Евросонг 2022 во Италија, нашиот претставник ќе настапи во второто полуфинале, а редоследот на настапи ќе биде одреден дополнително.

Во иста вечер со Македонија, ќе се претстават и Србија, Црна Гора, Австралија, Грузија, Кипар, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.

Во првата полуфинална вечер ќе настапат претставниците на Албанија, Бугарија, Грција, Латвија, Швајцарија, Словенија, Молдавија, Украина, Литванија, Холандија, Норвешка, Русија, Португалија, Данска, Еврменија, Австрија и Исланд.

Кој ќе ја претставува нашата земја ќе се знае на четврти февруари. Во петок во емисијата ,,Стисни плеј” ќе бидат емитувани шесте песни кои беа избрани на конкурсот на МРТ, по што публиката ќе може да гласа за својот фаворит до 4-ти февруари.

Лара Иванова, Кали, Виктор Апостоловски, Рис Флауер, Јон Ајдини и Андреа Коевска се натпреварувачите на домашниот избор на песна за Евровизија.

Поврзани новости