710
Владата го назначи Антонио Димов од ЛДП за нов директор на казнено поправната установа Идризово, потврдуваат од таму.
Промената на раководните функции во затворот доаѓа откако досегашниот директор, кадар на Алијанса за Албанците, си поднесе оставка затоа што оваа партија излезе од владината коалиција.
Димов има завршено економски факултет и ја извршувал функцијата генерален секретар на ЛДП.