Антикорупциската комисија прифати четири претставки на СДСМ за вработувања во државни институции и претпријатија во предизборието.
Отворени се постапки за огласи за вработувања, распишани во предизборниот период, на 6 нотари во Министерството за правда, двајца актери во Театарот за деца и младинци, еден наставник по турски јазик во Основното училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци и еден шалтерски работник во „Македонски пошти“.
ДКСК не ја прифата претставката што се однесуваше за вработувањето на информатички администратор во самата комисија.
За другите пак, комисијата побара дополнителни информации и образложенија за огласите и за вработувањата, односно дали тие биле итни и неодложни и дали институциите за овие работни места добиле мислење од Министерството за финансии.