Македонците меѓу најслабите ученици во светот

by fokus 19:11
19:11

 

Македонија четврта во светот по најлоши образовни резултати. Вака беше рангирана на најновото меѓународно тестирање ПИСА за постигнувањата на ученици на 15-годишна возраст по јазична писменост, математика и природни науки, за минатата година.

Полошо од Македонија се рангирани само Косово, Алжир и Доминиканската Република. Најдобри резултати пак, имаат учениците од Сингапур, Јапонија и Естонија.

- Advertisements -

Инаку, Меѓународното тестирање ПИСА е една од најчесто користените алатки во светски рамки за мерење и оценување на практично применливото знаење на учениците во образовниот систем во матичната земја. Оценувањето се спроведува во повеќе од 60 држави од целиот свет и го реализира Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на секои пет години.

Македонија по втор пат учествува во ПИСА. Првиот пат беше во 2000 година, кога исто така постигнувањата на учениците беа меѓу најслабите.

 

Поврзани новости