Антикорупциска организира јавна дебата за легализацијата на дивоградбите

by Fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе организира дебата за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти од која, според најавата, ќе се извлечат заклучоци кои понатаму ќе ги достават до надлежните институции.

Покрај претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, на дебатата ќе учествуваат и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, судијата Владимир Туфегџиќ, експерти од урбанизмот и градежништвото.

Според ДКСК, корупцијата е најизразена таму каде што има најмногу можности за злоупотреби и манипулации, а широк простор за злоупотреби и корупција има токму во урбанизмот и градежништвото.

-Како пример може да послужат, донесувањето на генералните и деталните урбанистички планови, измената на урбанистичките планови заради легализација на бесправните градби наместо планирање на просторот, големиот број на бесправни градби, издавањето на дозволи за градење и располагање со земјиште кои се во постапка на денационализација, селективниот однос на општините и органите при уривањето на бесправните објекти и при санкционирање на прекршителите на законот, високиот процент нереализирани решенија за уривање на бесправно изградени објекти, големиот број на станбени и деловни згради меѓу дивоградбите, велат од ДКСК за можната корупција во урбанизмот.

Дебата следува откако законот предизвика бура реакции во јавноста, а потоа претседателот Стево Пендаровски, одби да го потпише и го врати во Собранието.

Поврзани новости