Антарктикот е пред климатска вонредна состојба, не смееме да ја ставаме науката под мраз, порачаа научниците

by Fokus

Поминав 40 години во истражување на Антарктикот. Во моментов се соочува со климатска вонредна состојба, така што не смееме да ја ставаме виталната наука на мраз#, изјави австралиската научничка Дана М Бергстром  за „Градијан“.

Таа објаснува дека Антарктикот доживува вознемирувачки промени – од недостаток на зимски морски мраз до распаѓање на ледените санти и според неа  речиси е сигурно дека работите ќе се влошат.

„По децении нурнати во науката на Антарктикот, научив дека физичките и биолошките промени ретко се случуваат непречено. Почесто отколку не, тие се расплетуваат со остри чекори. Во моментов, климата и екосистемите на Антарктикот доживуваат вознемирувачки промени“, изјави Бергстром.

Таа објаснува дека голем дел од морскиот мраз оваа зима недостасува, клучната океанска струја се забавува, а глечерите и ледените санти се распаѓаат.

На копно, кревките екосистеми од мов пропаѓаат. Величествените царски пингвини можеби се насочуваат кон истребување. А загадувањето од човековата активност на Антарктикот остави токсично наследство.

Австралиските проекти за климатска наука на Антарктикот се под мраз поради кратење на буџетот.  Во петокот, стотици меѓународни научници повикаа на итно проширување – а не намалување – на науката во Јужниот Океан како одговор на климатската криза што се појавува. Ова се надоврзува на научниците кои тврди дека имаме само тесен прозорец за да ја спасиме планетата.

„Поминав 40 години во истражување на Антарктикот и субантарктикот. Околу 22 од нив беа потрошени во австралиската антарктичка дивизија на федералната влада; мојот последен ден таму беше минатиот четврток. Веќе не сум јавен службеник, сега се чувствувам принудена, како приватен граѓанин, јавно да се залагам за ледениот континент и користа на антарктичката наука за општеството“, рече Бергстром  .

Поврзани новости