Ова досега непознато здружение вчера пред советниците од Градот Скопје предложи пет нови споменици за проектот Скопје 2014, а речиси сите советници како попчиња ги прифатија – само еден беше воздржан.
Станува збор за пет масовни сцени опишани во бронза. Првата ќе биде со лидерот на ДУИ и на поранешната ОНА Али Ахмети како седи во фотелја и пуши цигара во затворен простор, таа треба да го симболизира непокорот на Ахмети кон Груевски.
Вториот споменик треба да биде на Теута Арифи која во рацете ќе држи едно европско и уште едно албанско знаме додека со штиклите на нозете ќе мести бекатон-плочки во Тетово. Споменик на уште една дама, Ермира Мехмети ќе го краси велелепниот проект Скопје 2014. Мехмети ќе биде излиена во ситуација како на лаптоп пишува коментар на Фејсбук токму против Скопје 2014.
Спомен бележје ќе има и за Рафиз Алити и за неговото бејзбол-капче. Тој ќе се постави пред главната пошта во Скопје опкружен со пламени, како ич не му чуе. Последниот споменик ќе биде оној на Артан Груби и ќе се постави веднаш до споменикот на Цар Душан на Мостот „Око“. Груби ќе биде преставен со чекан во рацете како замавнува по Душана, додека за ѕиври го влече брадестиот Илија Димовски и од карши Силвана Бонева кубе коси.