„Разбуди се!“: Цар Душан по втор пат е шверцуван

by Фокус 11:09
11:09

Цар Душан по втор е шверцуван во центарот на Скопје. Ниту до ден денес не се знае кој го постави контраверзниот споменик на Цар Душан, но не се знае ниту кој го поправи и го врати во првична форма, се вели во денешната реакција на здружението „Разбуди се!“

„Се раѓаат сомнежи дека поставувањето на Цар Душан има за цел да ги провоцира меѓуетничките и меѓуверските односи. И поставувањето, и поправката, се искрадоа далеку од очите на јавноста, но камерите поставени на местото каде што е поставен споменикот сигурно ги снимиле сите активности околу споменикот. Продолжувањето на поставување на спорни споменици, без вољата на граѓаните, е во спротивност и со многуте најави на меѓународните претставници од САД и ЕУ за чуствитетлноста на меѓуетничките односи во земјава. Изјавите на домашните власти пред високите меѓународни претставници за нивната грижа околу соживотот, за жал не се поткрепени со конкретни дела, но напротив, се преземаат дејствија во спротивност со изјавите“, се вели во реакцијата.

- Advertising -

Поврзани новости