Анкета на Телма: Кој би победил ако утре има нови избори?

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се изедначени и доколку утре би имал нови избори резултатот би бил ист. Ова го покажува анкетата на телевизија Телма, спроведена во февруари на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Според неа, доколку има нови избори и двете партии би добиле по 23,3 отсто од гласовите. Изедначување на гласовите би имало и меѓу БЕСА и ДУИ, но и меѓу Алијансата на Албанците и ДПА.

На прашањето пак, кое е најдобро решение за политичката криза, мнозинство од граѓаните (30,2 отсто) се изјасниле за широка коалиција, во која би влегле сите поголеми партии.

Три проценти помалку, или 27,3 отсто сметаат дека следната влада треба да ја формира СДСМ, додека помалку или 23,5% сакаат влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости