Aхмети се жали на притисоци и бара уште време

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев им ги достави на ДУИ писмените гаранции што ги бараа за да му ги дадат пратеничките потписи за состав на влада, но лидерот на партијата, Али Ахмети се уште одолговлекува со одлуката.

На средбата со амбасадорот на Франција во Македонија Кристиан Тимоние, Ахмети се жалел дека “медиумите вршат ирационален притисок за да направат непостоечки теми што се пласираат во јавноста за наводните поделби во партијата со цел да се ослабне ДУИ“.

-Претседателот на ДУИ се осврна на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ откривајќи ги нашите приоритети за заокружување на Охридскиот Договор, владеење на правото, добрососедски односи, економски развој и евроатланска интеграција. И покрај постојаниот медиумски притисок, ДУИ се рационално и фокусирани на заложбите пред граѓаните, а не служејќи како сервис на било која партија или службеници на другата партија- стои во партиското соопштение.

Ахмети потенцирал оти на ДУИ не и се брза, и дека целта е да донесат правилна одлука. Претходно, тој изјави дека напоредно со СДСМ, се уште преговара и со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости