Политичката криза допрва ќе удри по џебот на граѓаните

by fokus

Економскиот раст е во заложништво на политичката криза, нотира Европската комисија во најновата зимска економска прогноза за Македонија.

-Среде политичка криза, приватните компании се воздржаа од инвестиции, растот на кредитите беше речиси рамен, а владата царуваше во капиталните трошоци – нотира Европската комисија.

Според проценките, Македонија годинава треба да има раст на бруто-домашниот производ од 3,2 проценти, а догодина од 3,6 отсто. Сепак, очеуваното јакнење на земјава е под ризик, поради неизвесноста на политичката сцена.

Брисел предупредува дека инвестициите ќе се намалат, исто како и потрошувачката моќ на домаќинствата. Долг на државата пак, и натаму ќе расте и тоа од 41,3 отсто од БДП на 42,4 проценти.

Поврзани новости