Анкета на Рејтинг и Фокус: Богоев има предност од над 10 отсто пред Јакимовски во Карпош

by Фокус

Новото истражување на Агенција Рејтинг за потребите на Фокус покажува победа на СДСМ и кандидатот на коалицијата во Карпош. Анкетата е изработена од 25 до 28 септември на примерок од 600 испитаници по пат на интервју лице в лице. Максималната статистичката грешка во рамки на општиот примерок е 3.9 проценти.

Урбанистичкото планирање во општина Карпош е далеку најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните. Очигледно дека новите градби и ДУП-ови не се по мерка на жителите бидејќи дури 25 отсто од анкетираните го посочиле како главен проблем. Потоа следат комуналната хигиена, одржувањето на зеленилата како и улиците и патиштат во оптштината. Загадувањето е на петто место за кое 5,7 отсто од анкетираните рекле дека е главен проблем.

Кампањите на двајцата кандидати досега третираат претежно различни теми. Додека Богоев е фокусиран на урбанистичкото планирање и зеленилата, Јакимовски ја темели кампањата на реализираните проекти и ветувањата на нови проекти но и финансиска поддршка за жителите на Карпош за различни работи.

Доколку утре се одржат изборите, Стефан Богоев би победил со комотна разлика. За него би гласале 42,2 отсто од карпошани во моментов додека за Стевчо Јакимовски би гласале 31,4 отсто од анкетираните. Оваа разлика на само две недели од изборите е малку веројатно дека Јакимовси би можел да ја надомести, особено затоа што тој е веќе профилиран кандидат кој нема многу простор за убедување на гласачите кои имаат цврсто формирано мислење за него.

СДСМ ќе има убедливо мнозинство и на листата за советници. Резултатите покажуваат речиси двојна предност на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ, односно 38,7 отсто на 21,2 отсто. На трето место е ГРОМ со 5,3 отсто. Сите останати партии и листи се под 1 отсто и тешко дека ќе дојдат до советник. Анкетата ја потврдува големата предност која СДСМ ја генерираше во Карпош на парламентарните избори во декември минатата година.

Поврзани новости