Спасовски: МВР веќе не прислушува нелегално, отворени сме за контрола

by Fokus 11:17
11:17

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски  во интервју за Радио Слободна Европа тврди дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа експертските и собраниските контроли можат да се уверат во било кое време.

– Ние стоиме на располагање и сме отворени, врз основа на законските прописи, да се направат такви контроли, меѓутоа дополнително и кај нас се поставени системи на контрола на целиот систем за да нема субјективности во однос на оваа работа, односно оваа надлежност на Министерството за внатрешни работи. Што се однесува до извештајот на Прибе, тој укажува дека во Македонија нема преземено нови чекори кои би создале нови законски рамки, нови надлежности во системот на прислушување, меѓутоа сакам уште еднаш да потенцирам и да информирам дека процесот на реформи во системот на следење на комуникациите во безбедносните служби е започнат. Веќе сме во период на формирање на една меѓуресорска работна група којашто ќе работи на реформа на следење на комуникациите, понатаму ќе се продолжи и со реформа на безбедносните служби. Наша цел е да го реформираме целиот овој систем, да воспоставиме механизми на контрола и тоа, пред сè, силна парламентарна контрола, граѓанска и експертска контрола, да воспоставиме систем кој би функционирал исклучиво во заштита на уставниот поредок и борбата против криминалот и корупцијата и систем којшто ќе ги содржи најдобрите европски пракси и ќе има минимум можност за злоупотреба од кого било – истакна Спасовски.

- Advertising -

Поврзани новости