СДСМ денес ќе митингува во Куманово, ВМРО во Штип, ДУИ во Битола

by Фокус

Денес, на седмиот ден од предизборната кампања,коалицијата „Живот во Македонија“, предводена од СДСМ, ќе одржи средба со граѓани во Ранковце и Старо Нагоричане и митинзи во Крива Паланка и Куманово.

Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе одржи средби со граѓани во Карбинци и Лозово и митинзи во Свети Николе и Штип.

Демократската унија за интеграција ќе одржи митинзи во Битола и Ресен.

Поврзани новости