Доколку утре се одржат избори, за СДСМ би гласале 18,6 осто, за ВМРО-ДПМНЕ 18, 1 отсто, за ДУИ 6,7 отсто, за Левица 6,2 отсто, за АА 4,6 отсто, за БЕСА 2,4 отсто, за ДПА 1,4 отсто, за Алтернатива 0,5 отсто од гласачите, покажува анкетата што телефонски ја спроведе агенцијата „М Проспект“ за Телма и МЦМС во периодот од 6 до 24 декември на примерок од 1 000 испитаници.
Според оваа анкета, 21,8 отсто од испитаниците се изјасниле дека нема да излезат на гласање, 11,1 отсто одбивале да одговорат, 6,4 отсто рекле дека се уште не знаат, додека 2 отсто најавиле дека ќе го поништат гласачкото ливче.
Што се однесува до личните рејтинзи на политичките лидери, лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, има поддршката од 39,7 отсто, додека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, има поддршка од 28,3 отсто од граѓаните.
Инаку, поголем рејтинг од Мицкоски има лидерот на Левица Димитар Апасиев со поддршка од 29,7 отсто, а лидерот на ДУИ Али Ахмети има рејтинг од 15,5 отсто .