Жерновски конечно го смисли референдумското прашање за “Скопје 2014”

by lali

Вака ќе гласи референдумското прашање што градоначалникот Андреј Жерновски ќе им го постави на граѓаните на општина Центар, дознава “Коза ностра” од свои извори во ЗЕЛС.

Формулацијата се покажала добитна кога Македонија на референдум одлучуваше за својата самостојност далечната 1991 година, па затоа Жерновски одлучил да не ризикува. И сега како и тогаш се очекува поддршка од 95% од гласачите. Ќе се гласа и во задграничниот дел на општина Центар – Пустец, Република Албанија, каде што живеат можеби и најтврдокорните центарци-поддржувачи на мегаломанскиот проект на власта.

Во потесна конкуренција влегле уште три референдумски прашања: Дали бракот “Скопје 2014” е заедница на невкус и криминал? (По урнек на хрватскиот референдум); Дали сте за француски клуч со рамноправно учество од 20% на токмак? (Автори се Фрчко и Владо Поповски); и Дали општина Центар да влезе во заедницата на неврзаните, со што ќе ни се одврзат рацете? (автор бил лично Жерновски.

Поврзани новости