Здружението за заштита на животни, Анима мунди започнува кампања за хуманост кон животните и најстрого санкционирање на мачењето и убивањето животни. Едно од заштитните лица на кампањата е светски познатата виолинистка, Ванеса Меј.
„Месец дена од суровото убиство на кучето Идриз – во негово име и во име на сите останати како него, бараме најстроги казни за мачење и убиство на животните. БИДИ ЈАСЕН И ГЛАСЕН, ФОТОГРАФИРАЈ СЕ СО ТВОЈОТ МИЛЕНИК И ИСПРАТИ ПОДДРШКА. Да ставиме крај на човековото безумие и суровоста врз животните во Македонија!
„На ден 22.05, Даниел Груевски, ангажиран како домар во станбена зграда во Кисела Вода усмрти две мали маалски мачиња. Домарот Даниел Груевски ги фатил мачињата за грклан и со огромен притисок почнал да ги дави – мачињата се препелкале без да имаат било каква можност да се спасат, се бореле за последен здив. Им било пишано да завршат така болно и сурово на неполни 2 месеци старост, од убиец кој ги задавил пред сведоци, без трошка совест, убеден дека никој ништо не му може.
– Во држава каде што насилството не е строго санккционирано и се охрабрува малолетничка деликвенција и бруталност врз животните, се создава поволно тло за садисти и убиjци! Ова е накусо приказната за 2 момчиња, едно малолетно (Ј.А) и едно полнолетно (Марио Трпески) од Кочани, кои мачеле и уживале во убивањето на мирно бездомно куче, дословно касапено од пит бул, во сопственост на Марио. Ова се остатоците од искасапеното куче, со кои кочанските мангупи се пофалиле и на Фејсбук.
За овие и ред други случаи поднесуваме кривични пријави и бараме најстрога казна за сторителите. Ве повикуваме сите да ја дадете Вашата поддршка, да бидете глас за Идриз и овие безимени души – нема да дозволиме монструмот Симо Христовски (Липски), домарот Даниел Груевски од Кисела Вода и лицата од Кочани да поминат со благи условни казни – без исклучок, за нив бараме казна затвор!
Тие се ликот на секој еден кој во оваа држава се изживува, коли, беси, труе животни – а во ликот на Идриз се крие секое несреќно битие оставено само на себе да страда и да умира во пеколни маки. Потсетуваме дека хуманоста почнува од мали нозе со грижа за животни и завршува со хуманост кон сите живи битија“, велат од Здружението.