Вучиќ: Срамно што Македонија ги дала прислушуваните разговори

by Fokus

Александар Вучиќ вели дека е срамно тоа што Македонија му ги дала, на Горан Живаљевиќ од амбасадата на Србија во Македонија и новинарот Мирослав Лазански од Белград, записите од прислушуваните разговори на Иван Стоилковиќ, лидер на Демократската партија на Србите, пренесува N1 телевизијата.

Според него не е виновна Македонија, туку странска западна служба.

– Во Србија прислушувани разговори не се објавувани во медиумите во последниве години, барем не оние по 2012 година. Се разбира дека ги има, во согласност со законот, но не и во медиумите. Одговорни земји се однесуваат на одговорен начин – истакна Вучиќ.

Вучиќ праша зошто македонската власт го следела и прислушувала новинарот Мирослав Лазански и рече дека е срамота тоа што е направено.

Поврзани новости