Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на денешната собраниска расправа за интерпелацијата, одговори на репликата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, за ситуацијата во фабриката „Фени индустри“. Анѓушев презентираше нов документ според кој во март 2016 година биле отпишани 50 милиони евра од сметката на „Фени“.
-УЈП не нашла за сходно да влезе ова да го провери. „Фени“ две години за време на претходната власт не поднесува завршна сметка, никој не го праша „Фени“ зошто не поднесува завршна сметка. Некој фабриката ја однесе во стечај, но има чесни луѓе што ја спасија од стечај – рече Анѓушев.
Тој се осврна и на репликата која претходно кон него ја упати пратеникот Драган Данев.
-Вие толку не разбирате економија што Данев сакајќи да ме критикува, ме пофали. Рече дека 20 милиони евра должам за кредити. Не должам толку туку имам депозити, моите фирми должат, но имаат промет над 120 милиони евра. Тоа е 15 отсто од задолжувањето, со 15 отто ги водам задолжени фирмите. Имаше убаво време во Макеоднија кога беше задолжена 20 отсто. Жал ми е што немам повеќе време – рече Анѓушев на кој му следуваа само три минути за одговор на репликите.
На тоа контрареплицираше пратеникот Влатко Ѓорчев кој праша.
-Г-дине Анѓушев значи не ви беше лоша бизнис климата во претходниот режим? – праша тој.