Никола Груевски ви е потпишан на интерпелацијата и затоа е неиздржана, им рече Мисовски на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, ја отфрли како нелегитимна и некредибилна интерпелацијата од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што на неа е потпишан и поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски. Како што рече Мисовски, пратениците прво треба да се оградат од претходното раководство на партијата, па после да бараат морална одговорност од новата Влада.

-Ниеден наод во интерпелацијата не е издржан. Да ме замолевте да ви ја напишам подобро ќе ви ја напишев. За да поднесете интерпелација мора да имате морален кредибилитет. Денеска имаше шанса пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се огрдат од погубните политики на раководството. На интерпелацијата ви е потпишан Никола Груевски, а има десетина обвинителни акти против него. Не постои издржана интерпелација од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ без притоа да се оградите од претходното раководство – рече Мисовски.

ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, го доживеа наголемиот срам во историајта со тоа што е покренато обвинени против поранешното раководство за злосторничко здружување.

-Делевте провизии, се заканувавте, апсевте по нарачки, нарачувавте судски пресуди, крадевте и местевте избори. Во интерпелацијата ниеден податок не е точен. Велите илјадници луѓе од работа се отпуштени, апсолутно неточно, ако има поединечни случаи треба да ги разрешиме, но мора да се потсетиме и на минатото, како функционери на ВМРО-ДПМНЕ се однесува кон вработените – додаде тој и прочита дел од прислушуваните разговори меѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски.

Поврзани новости