Анѓушев: Не можам да ги затворам компаниите, тие работат транспарентно

by fokus

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на денешната прес-конференција за очет од 100-те дена на неговото работење рече декa не е управител на фирмата „Фероинвест“, по многубројните обвинувања дека неговата компанија не смее да учествува на тенндерот што го распиша ЕЛЕМ.

Тој додаде дека нема конфликт на интереси и дека според законот за спречување на корупција носители на јавни функции не смеат да бидат управители, а можат да останат сопственици.

„Не сакам да имам ниту една бенефиција од мојата функција, но од друга страна не можам да ги затворам компаниите. „Фероинвест“ работи 15 години и е мајка на сите компании. Во нејзини рамки се вработени 800 луѓе. Мислам дека сите треба да се научиме дека компаниите можат да работат ако тоа го работат транспарентно. Моите компании работат транспарентно и ќе продолжат така, рече Анѓушев.

Анѓушев не сакаше конкретно да одговори на новинарско прашање дали неговата компанијаа во идинина ќе присуствува на владини тендери и посочи доколку новинарите имаат одредени прашања за оваа компанија да се обратат кај нејзиниот менаџмент.

Зборувајќи за сработеното во првите 100 дена откако е на функција, Анѓушев најави дека наскоро ќе се знае точната сума на пари кои се оддлеала од државната каса за субвенции на странски инветиции. Воедно, тој рече дека Владата подготвува сет мерки за поддршка на фирмите, при што сите ќе имаат право на еднакви бенефиции без разлика дали се странски или домашни компании.

„Ќе има мерки и за малите, средните и микро претпријатијата, а ќе има и фонд наменет за бизнис акселератори и за формирање на старт ап компании по примерот на израелската економија. Единствен критериум којшто ќе мора сите компании да го исполнат за да бидат поддржани од Владата е да прикажат пораст, односно ќе бидат одредени средства кои во нивните компании ќе бидат вратени по постигнатите резултати, рече вицепремиерот Анѓушев, кој додаде дека оставарил средба со над 250 компании, од кои една третина биле странски инвеститори.

Поврзани новости